Вчера во 23:10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот пред граничниот премин Табановце настанал пожар во патничко возило бмв со кумановски регистарски ознаки во движење, управувано од Д.П. од Куманово.
Пожарот го изгасила екипа на територијалната противпожарна единица Куманово, со едно возило и четворица пожарникари, десетина минути пред полноќ. Повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Куманово.