среда, 25 февруари 2026

Возило на МВР учесник во тешка сообраќајка кај Црниче

Сообраќајна несреќа во која учествувало службено возило на Министерството за внатрешни работи се случи денеска претпладне во скопската населба Црниче.

Објавено на

часот

Сподели

Несреќата била пријавена денес околу 11:30 часот на улицата Востаничка, каде се судриле шкода октавија сопственост на МВР и шкода фабиа, двете со скопски регистарски ознаки.

Во незгодата повреден е возачот на службеното возило, кој бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Од МВР информираат дека увидот е во тек, а за настанот се известени јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ