вторник, 31 март 2026

Возило излетало од патот кај Гевгелија, двајца повредени

Вчера во 07:50 часот, во ОВР Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, помеѓу крстосниците за селата Ѓавато и Богородица, патничко возило „Форд Фиеста“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Х.И. (18) од Гевгелија, излетало од патот.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека неговиот сопатник П.Ч. (18) од Гевгелија има телесни повреди, констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија, а истрагата за причините на несреќата продолжува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ