понеделник, 8 декември 2025

Возило излета кај Пехчево, едно лице повредено

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 20:45 часот кај месноста Крива Круша, во близина на Пехчево.

Објавено на

часот

Сподели

Несреќата се случила кога возилото се превртело и излетало од патот. Повреденото лице било извлечено од екипи на Територијалната противпожарна единица Берово, по што со брза интервенција е пренесено од екипа на Итна медицинска помош, потврди за МИА командирот на ТППЕ Берово Димитар Гошевски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ