Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа во 22:55 часот во Велес бил приведен 61-годишен велешанец кој имал 2,65 промили алкохол во крвта. Тој бил исклучен од собраќај и против него ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“.
„На 27.08.2025 во 22:55 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ц.Т. од Велес. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило југо со велешки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,65 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќајот и задржан во полициска станица Велес“, информира МВР.
Ноќеска во 2:10 часот на локалниот пат од село Горно Чичево кон село Долно Чилево во општина Градско бил приведен Г.П. од Росоман. Околу 1:50 часот тој управувајќи „фолксваген пасат“ изгубил контрола над возилото и излетал од патот. По преземените мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,44 промили алкохол во крвта. Задржан е во полициска станица во Велес и по целосно документирање против него ќе биде поднесена пријава.
Во Демир Капија ноќеска 35 минути по полноќ приведен е Д.Н. кој имал 2,31 промили алкохол во крвта. И против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.






