сабота, 28 февруари 2026

Возеле и покрај забрана и во спротивен правец, СВР Тетово одзеде три возила

Тројца возачи се лишени од слобода во одделни полициски контроли спроведени на подрачјето на Тетово и Гостивар поради сериозни сообраќајни прекршоци, информираа од СВР Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа, на автопатот Скопје–Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.И. од Тетово. При контрола било запрено патничко возило „шкода“ со тетовски регистарски ознаки, кое тој го управувал. По преземените мерки било утврдено дека возачот имал активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија. Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Истиот ден попладнето, на патот Тетово–Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Н.А. од село Чегране. Тој управувал патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, и покрај тоа што имал активна забрана за управување со возило од Б категорија. И во овој случај возилото било одземено и ќе следува соодветна пријава.

Денеска, утрото, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.С. од Тетово, откако на автопатот Тетово–Скопје управувал патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки во спротивен правец. И неговото возило е одземено, а по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Од полицијата информираат дека контролите продолжуваат со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и спречување на прекршоци кои сериозно ја загрозуваат сигурноста на сите учесници во сообраќајот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ