понеделник, 8 декември 2025

Возел со 2,62 промили алкохол во крвта и излетал од патот

Вчера во 16:30 часот на регионалниот пат Кавадарци-село Возарци, кај место викано „Рамниште“, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода В.А., на возраст од 65 години од село Дреново, кавадаречко, кој околу 15:20 часот, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, излетал од патот, соопштија од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Објавено на

часот

Сподели

По преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,62 промили алкохол во крвта.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, истакнаа од СВР – Велес. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ