недела, 14 декември 2025

Возел со 217 километри на час на автопатот „Пријателство“

Од СВР Струмица соопштија дека вчера 21:55 часот на автопат „Пријателство“, кај село Прдејци, гевгелиско, полициски службеници го уапсиле Д.Д.(25) од Кавадарци, кој, при контрола со радар, управувал автомобил бмв со бугарски национални ознаки со брзина од 217 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 120 километри.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се додава дека за настанот бил запознаен јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик безобѕирно управување со моторно возило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ