Ж.Л. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Возел со 1,99 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
Ж.Л. (53) од Кавадарци вчера бил фатен од полицијата како возел и предизвикал сообраќајна несреќа со 1,99 промили алкохол во крвта. Тој вчера со своето возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, удрил во патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ. (58) од Кавадарци.

Објавено на
часот