Во 22.25 часот на ул. „Јоаким Крчовски“ во Пробиштип, соопшти денеска МВР, тој со патничко возило пежо со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во дрво. По преземени мерки, извршен увид и извршено алкотестиранње констатирано е дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,78 промили алкохол во крвта.
За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против М.К. ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик за безобѕирно управување со моторно возило.