вторник, 3 јуни 2025

Возел над 100 километри на час на место каде било дозволено 40

Полициски службеници од полициската станица безбедност на патниот сообраќај Пробиштип го лишиле од слобода А.Р. (56) од Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, ноќеска во 00.44 часот тој на регионалниот пат Р-1205 во пробиштипското село Пишица управувал патничко возило фолксваген, со скопски регистарски ознаки, со брзина од 101 километар на час во населено место каде што максимално дозволена брзина е 40 километри на час.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик безобѕирно управување со моторно возило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ