Од Сектор за внатрешни работи – Велес информираат дека настанот се случил вчера во 14:22 часот на автопатот А1. Полициски службеници од ОВР – Неготино при контрола на патниот сообраќај со радар утврдиле дека лицето М.Н. (55) управувало патничко возило бмв со српски национални ознаки со значително надминување на дозволената брзина.
По консултација со јавен обвинител, возачот бил приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Надлежните апелираат до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и ограничувањата на брзината со цел зголемување на безбедноста на патиштата.






