недела, 5 април 2026

Возачите седнуваат зад волан пијани и со одземени возачки, ама МВР ги „лови“ и казнува

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Од нив шестмина возеле без возачка дозвола, од кои двајца во Скопје, двајца во Прилеп и по еден во Битола и Свети Николе.

„Четири лица во Кичево, Маврови Анови, Скопје и Кочани, возеле иако имале активна забрана за управување со возило, а едно лице управувало возило под дејство на алкохол во Скопје. Во Прилеп едно лице управувало возило и под дејство на алкохол и со активна забрана за управување, а во Кавадарци едно лице управувало возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол“, наведува МВР.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи заради безбедност на патиштата  –  да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ