понеделник, 31 март 2025

Возачи со автомобил удриле во пешаци и побегнале, полицијата ги фати

Двајца возачи кои вчера со возила удриле пешаци во Скопје се лишени од слобода, а возилата им се одземени. Како што соопшти денеска МВР, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода скопјанецот И.С.(45), затоа што вчера околу 21:50 часот во Скопје, на крстосницата од ул. Адем Демачи со ул. Методија Митевски, со патничко возило фиат со скопски регистарски таблички удрил во пешакот А.А.(57) од Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Пешакот е пренесен за укажување на лекарска помош во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Известен е јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Скопје И.С. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено за понатамошна постапка“, велат од МВР.

Оттаму соопштуваат дека полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Х.(52) од Република Турција, со живеалиште во Скопје, затоа што вчера околу 17:30 часот во Скопје, на крстосницата од ул. Филип Втори Македонски со ул. Мирче Ацев, со патничко возило цитроен со скопски регистарски таблички удрил во Л.М.(48) од Скопје.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.М., констатирани во ГОБ ‘Св.Наум Охридски’. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител возачот е задржан во полициска станица, а возилото е одземено за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ