При контрола во патниот сообраќај, извршен на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници сопреле мопед со охридски регистарски ознаки, и по извршено алкотестирање е констатирано дека го управува под дејство на алкохол, односно му беа измерени 2,36 промили алкохол во крвта.
На 10.09.2025 во 19:10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.А..(48) од Кичево.
При контрола во патниот сообраќај, извршен на улица „11 Септември “ во Кичево, полициските службеници сопреле моторно возило рено со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал и по извршено алкотестирање констатирано е дека го управува под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,75 промили алкохол во крвта.
Тие се исклучени од сообраќај и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик безобѕирно управување моторно возило.






