Во Кавадарци бил приведен И.В. (24) од Кавадарци, затоа што при вршење на увид на сообраќајна несреќа во која тој учествувал управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски таблици, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,58 промили алкохол во крвта.
Рано утрово на улицата „Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С. (49) од Скопје, затоа што при вршење на увид на сообраќајна несреќа во која тој учествувал со патничко возило „форд“ со скопски регистарски таблици, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,30 промили алкохол во крвта.
На булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово синоќа го привеле Г.В. (48) од Куманово, затоа што при контрола на патниот сообраќај констатирале дека управувал патничко возило „форд“ со кумановски регистарски таблици, под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,70 промили алкохол во крвта.
Синоќа на улицата „Св. Нектариј Битолски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода О.В. (48) од село Баница, струмичко, затоа што при контрола на патниот сообраќај констатирале дека управувал патничко возило „фиат“ со струмички регистарски таблици, под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,82 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.






