среда, 24 декември 2025

Возач удри и повреди двајца полицајци, а прободел уште еден со остар предмет

Објавено на

часот

Сподели

„На 21 февруари во 11.20 часот во село Доленци, демирхисарско, полициски службеници од полициската станица Ресен го лишиле од слобода И.Ѓ. (41) од Росоман. Околу 8 часот на патот Битола-Ресен, со возилото „пежо“, кое го управувал, не застанал на знак за запирање од полициски службеници и притоа со возилото удрил двајца од нив.

Набргу откога бил запрен, со остар предмет повредил полициски службеник кој извршувал службени дејства.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава“, соопшти МВР.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ