недела, 7 декември 2025

Возач тешко повреден откако излетал од пат кај Богданци

Денеска во 06:00 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат од местото викано Чавдарова чешма кон обиколницата Богданци, патничко возило ауди со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(26) од селото Црничани, дојранско, удрило во канделабра и во сообраќаен знак, откако возачот избегнал судир со домашно животно.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а повредите му биле констатирани во Општата болница во Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гевгелија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ