среда, 7 јануари 2026

Возач на мопед почина по сообраќајна несреќа во кривопаланечко

Осумдесет и тригодишен жител на селото Кошари, кривопаланечко, го загуби животот по сообраќајна несреќа што се случила на локален пат во селото Дурачка Река.

Објавено на

часот

Сподели

Несреќата била пријавена на 4 јануари 2026 година во 11 часот во ОВР Крива Паланка. Според информациите, кај местото викано „Мушкаричина бавча“, К.М. (83), управувајќи мопед томос, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствениот дом во Крива Паланка, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што подоцна починал.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина за обдукција, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Крива Паланка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ