петок, 10 април 2026

Возач на автобус снимал воени објекти, доби кривична пријава

СВР Тетово поднела кривична пријава против скопјанец за неовластено влегување во воени објекти и правење скици на воени објекти.

Објавено на

часот

Сподели

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ш.(61) од с.Студеничани, Скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘неовластено влегување во воени објекти и правење на скици или цртежи на воени објекти и борбени средства’ “ – соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат од МВР, на 17.02.2025, пријавениот како возач на автобус од фирма со која Министерството за одбрана имало склучено договор за организиран меѓугарнизонски превоз, во кругот на касарната во Тетово направил три видеозаписи кои ги споделил преку мобилна апликација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ