недела, 14 декември 2025

Возач излета со автомобил од патот и заврши со тешки повреди, немал возачка дозвола

На 8 септември 2025 година, во 19:49 часот, во ОВР Берово било пријавено дека на патот Пехчево – Делчево, на место викано „Крива Круша“, се случила тешка сообраќајна несреќа.

Објавено на

часот

Сподели

Патничко возило цитроен со пехчевски регистарски таблички, управувано од 27-годишниот А.П. од Пехчево, кој немал возачка дозвола, излетало од коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница во Штип.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Берово, а за случајот е известен јавен обвинител.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ