Како што соопштуваат од МВР, пријавата во Полициската станица Гевгелија е регистрирана вчера во 18:33 часот, а несреќата се случила на местото викано „Подвозник“. Повреденото лице веднаш било пренесено во Медицинскиот центар Гевгелија, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
„На 05.04.2026 во 18:33 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Гевгелија, на место викано Подвозник, 30- годишен мигрант од Алжир додека се обидувал да се качи во возот кој се движел, паднал и возот поминал преку неговата десна нога. Лицето било пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му се констатирани тешки телесни повреди“, стои во соопштението.
За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на гевгелиското Одделение за внатрешни работи (ОВР).






