петок, 25 јули 2025

Војникот на АРМ во Батинци загинал во престрелка

Денеска, околу 10:55 часот, во Градската болница е донесен 49-годишен маж со две рани во пределот на градниот кош, без знаци на живот, потврдуваат од Градската болница, по престрелка во скопско Батинци.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска, околу 10:55 часот, во болницата е донесено машко лице, на возраст од 49 години, со две рани во пределот на градниот кош. Веднаш беа преземени мерки за реанимација, но беше констатирано дека тој е веќе починат“, изјавија од Градската болница.

Сè уште не се познати околностите на настанот и причината за раните, додека надлежните органи започнаа истрага. Како што објавија ТВ21 и 4news.mk, станува збор за Агим Мухареми од Батинци, припадник на Армијата на Македонија.

Полицијата изврши увид на терен, а се работи на утврдување на идентитетот на сторителот и мотивите зад пукањето. Објавено е и дека убиениот е застрелан во возило „киа“ во движење,а познати се и иницијалите на напаѓачот.

Претходно, Министерството за внатрешни работи објави дека случајот е пријавен во полицијата околу 10:15 часот, а се случил на влезот во селото Батинци, каде едно лице пукало во друго лице.

 

„Пошитувани, во прилог ви доставуваме информација за починат припадник на Армијата Ја информираме јавноста дека лицето со иницијали А.М. од скопското село Батинци, кое по трагичниот настан денеска им подлегнал на повредите, беше припадник на Армијата. Изразуваме длабока жалост до семејството на починатиот.

За време на трагичниот настан лицето не било на служба во Армијата, односно било на користење слободен ден. На местото на настанот е излезен јавен обвинител, органи на МВР  и дежурна служба на Воената полиција“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ