петок, 27 март 2026

Во затворот Идризово најдена дрога во пакет за осуденик

Скопската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишниот Е.Д. од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од СВР Скопје, на 15 март 2026 година во Казнено-поправна установа Затвор Идризово, при претрес на пакет наменет за пријавениот, кој издржува казна затвор, затворската полиција пронашла и одзела марихуана и кокаин.

По целосно документирање на случајот, против осомничениот е поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ