недела, 28 декември 2025

Во верижен судир на магистралниот пат Гостивар-Кичево четворица повредени

Во ОВР Гостивар вчера во 12:10 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило фолксваген голф со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.А., патничко возило пежо со српски национални ознаки, управувано од М.Р. и патничко возило опел со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило пежо А.А., додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Т.Р. и З.Р. од истото возило, како и возачот на патничкото возило голф Б.А., констатирани во Медицински центар Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ