
Со акцијата биле опфатени 4 угостителски објекти во тетовско и 24 во гостиварско. При контролата во две казина на тетовското подрачје биле затекнати 5 лица кои не поседувале сертификати за примена вакцина против ковид-19, потоа еден малолетник и едно лице кај кого бил пронајден и одземен нож. На затекнатите лица како и на објектите во кои се затекнати ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
Покрај ова соодветен поднесок ќе му биде изготвен и на угостителски објект во с.Врапчиште, гостиварско каде било утврдено дека не се почитувале протоколите за работа.






