недела, 21 декември 2025

Во угостителски објекти во Скопје приведени 12 лица кај кои била пронајдена дрога

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР соопштија дека ноќеска полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршиле контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица.

„Кај М. Ј.(24) од Прилеп, А.С.(23) од Скопје, С.Л.(48) од Скопје, К.Т.(24) од Велес, Б.С.(25) од Скопје, П.Р.(23) од Скопје, Т.В.(24) од Скопје и С.Ј.(33)од Скопје била пронајдена бела прашкаста материја, додека кај М.К.(26)  од Скопје, Н.Н.(22) од Битола, А.Б.(26) од Скопје и А.Б.(25) од Скопје била пронајдена марихуана“, пишува во полициското соопштение.

Лицата биле приведени, а по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ