Од МВР информираа дека објектите се запечатени со пломби од Инспекторатот, а нивното привремено затворање е по член 64 од Законот за заштита на населението од заразни болести.
Во четирите затворени објекти биле затекнати вкупно 27 лица без задолжителните ковид-сертификати, а во два објекта затекнати се лица без соодветни лиценци кои вршеле работа како обезбедување на објектите.
Во два објекта биле констатирани прекршоци по основ на Законот за заштита од пушење, а за три објекти побарана е дополнителна документација согласно Законот за угостителска дејност, така што постапката за нив продолжува до целосно разгледување на документацијата.
Во сите контролирани објекти изречени се и глоби од страна на Управата за јавни приходи за фискални сметки.






