недела, 7 декември 2025

Во Тетовско приведени 39 албански државјани кои незаконски работеле на градилиште

Во координирана акција на СВР Тетово, Државниот инспекторат за труд, Државниот пазарен инспекторат и инспектори од Одделението за прекуграничен криминал, миграција, странци и реадмисија – Тетово, на 15 октомври е спроведена контрола во селото Стенче, општина Брвеница.

Објавено на

часот

Сподели

Контролата била извршена на градилиште на правно лице во сопственост на Е.З.М. од Тетово, каде биле затекнати 39 државјани на Албанија, на возраст од 20 до 65 години, кои извршувале градежни работи.

„Вчера во периодот од 12:00 до 18:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со Државен инспекторат за труд, Државен пазарен инспекторат и инспектори од Одделението за прекуграничен криминал, миграција, странци и реадмисија- Тетово, извршија акциска контрола во с.Стенче, општина Брвеница, каде правно лице, сопственост на Е.З.М. од Тетово, изведувало градежни активности“, се вели во соопштението на МВР.

При проверката било утврдено дека лицата не биле пријавени како работници и го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта на нивното влегување во земјава.

Тие се приведени и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави против нив и сопственичката на правното лице.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ