понеделник, 8 декември 2025

Во Тетово уапсен Швајцарец, возел двојно побрзо од дозволеното

Вчера претпладне, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го уапсиле А.Љ. од Швајцарија кој возел двојно побрзо од дозволеното.

Објавено на

часот

Сподели

„При сообраќајна и контрола со радар, било констатирано дека тој управувал возило мерцедес со швајцарски национални ознаки со брзина од 155 километри на час на место каде што максимално дозволената брзина е ограничена со знак од 80 километри на час надвор од населено место“, соопшти МВР.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ