недела, 15 февруари 2026

Во Тетово одземени се две возила, возачите биле без дозвола

Синоќа на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во село Непрошево, Општина Теарце, полициски службеници од го проведоа Е.З. (18) од Џепчиште, Тетовско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници извршиле преглед на паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со тетовски регистарски ознаки, при што било констатирано дека Е.З. го управувал возилото без возачка дозвола. По наредба на јавен обвинител, лицето е лишено, а возилото е одземено.

Објавено на

часот

Сподели

И на локалниот пат село Палатица-село Озормиште, Тетовско, полициски службеници го лишија од слобода Ј.В. (20) од село Стримница, тетовско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото без положен возачки испит. Возилото е одземено.
По документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ