сабота, 7 јуни 2025

Во Тетово од мотоцикл испукани 30 куршуми, повредени нема

Вечерва на улицата 111 во Тетово непознати лица од моторцикл-скутер од автоматска пушка пукале во куќата на М.Т. и веднаш избегале. Повредени лица нема.

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата на местото на настанот пронајде околу 30 чаури од автоматско оружје. Во моментот на пукањето во куќата биле сопственикот со неговото семејство и на куќата биле забележани оштетувања.

Известен е јавен обвинител и се прземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот, додека увид на лице место врши екипа при СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ