недела, 7 декември 2025

Во тек е увидот за сообраќајката на патот Куманово – Крива Паланка

Полицијата сè уште врши увид во сообраќајната несреќа што се случи, утрово на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка кај село Ругинце. Во сообраќајната несреќа која се случила околу 8:15 часот учествувале камион и автомобил.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска околу 8:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, кај село Ругинце се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило со бугарски национални ознаки и патничко моторно возило со кривопаланечки регистарски ознаки. Увидот е во тек“, соопшти полицијата.

Утрово од 8.30 часот магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, поради случена сообраќајна несреќа сообраќајот беше во  во целосен прекин, а од 09.15 часот се одвива со наизменично пропуштање на возилата, информира АМСМ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ