СВР Охрид денеска соопшти дека 12 ноември, во 7:50 часот, во сместувачки објект во Струга, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга ја лишиле од слобода А.Б.Т.Г.С.(27) од Бразил, а ги привела Ј.Т.А.С.(23) и Р.Ц.С.(23) од Бразил, како и Н.О.Ц.(20) од Перу.
„При претрес во собите од објектот, кои ги користеле, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, дробилка и други предмети. Констатирано е дека странските државјанки незаконски престојувале во земјава, односно сториле прекршоци по член 147 и член 23 од Законот за странци“, се нааведува во информацијата.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга, како што е наведено, ќе поднесе соодветни пријави.






