„Синоќа во 20:30 часот, на градската депонија во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода Ф.Н. (61) од Струга и Е.В. (38) од Прилеп, кои претходно, од страна на вработени во Територијалната противпожарна единица Струга биле затекнати на депонијата како горат душеци и топат бакарни жици, при што предизвикале пожар“, информира денеска Министерството за внатрешни работи.
Како што најавуваат од МВР, против нив, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.






