среда, 18 март 2026

Во Струга приведени двајца скопјани за поседување дрога

Две лица од Скопје денеска се приведени во струшкото село Луково, поради поседување дрога, соопшти СВР Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

Според информацијата, околу 11 часот, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад при Бирото за јавна безбедност, ги лишиле од слобода П.К.(49) и М.К.(47), двајцата од Скопје.

„При претреси  во нивните домови во селото Луково, извршени со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и шприцеви исполнети со течност, се наведува во соопштението.

Лицата, како што е наведено, се приведени во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ