среда, 11 јуни 2025

Во сообраќајна несреќа загина 27-годишен скопјанец, уште еден е тешко повреден

Синоќа околу 22:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Драчево-Катланово, во атар на селото Морани, скопско, патничко возило фолксваген бора со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј. од село Студеничани, скопско, удрило во рефлектирачко столбче на патот, ограда и во бандера која паднала врз возилото.

Објавено на

часот

Сподели

Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, додека со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник Џ.Т. од село Студеничани, скопско, констатирани во Градската општа болница Св.Наум Охридски во Скопје.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ