недела, 18 мај 2025

Во две засебни сообраќајни несреќи животот го загубија двајца патници

Во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи на магистралниот пат Дебар-Струга животот го загубиле мотоциклист од Кичево. Вчера попладне пак, на влез во село Крупиште, В.М.Р. управувајќи патничко возило форд со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот. Возачот од здобиените повреди во несреќата починал на местото на настанот.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Сообраќајката се случила во 14:30 часот кај дебарското село Отишани на десеттина километри од Дебар.

„Сообраќајната несреќа се случила помеѓу патничко моторно возило пежо-406 со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г. од Скопје и моторцикл дукати, со кичевски регистарски ознаки, управуван од Б.Р. од Кичево. Притоа, на местото на сообраќајната несреќа, животот го изгуби моторциклистот а неговата смрт е констатираана од екипа на Итната медицинска помош од Дебар додека“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи.

Во несреќата со телесни повреди се здобила М.Г.(42) од Скопје, сопатничка во првото возило, констатирани во Општата болница со проширена дејност во Дебар.

Увид на местото извршија јавен обвинител и полициски екипи при што, патниот правец Дебар-Струга неколку часа беше во прекин.

По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатиот, ќе биде извршена обдукција.

Мотоциклот бил поделен на делови, дел од нив од ударот се запалиле. Интервенирала и територијалната противпожарна единица од Дебар.

Вчера попладне пак, во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Кочани – Штип, на влез во село Крупиште, општина Карбинци, В.М.Р. управувајќи патничко возило форд со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот.

„Возачот од здобиените повреди во несреќата починал на местото на настанот, а смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош – Штип. Известен е надлежен ЈО, а увид извршила увидна екипа од СВР Штип“, информираше МВР.

Исто така вчера, во полициската станица Гевгелија било пријавено дека на улицата „Маршал Тито“ во село Стојаково, општина Богданци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ауди А4 со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Р. и мотоцикл марка педа со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од малолетник, исто така од Гевгелија.

„Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Гевгелија. Запознаен е надлежен обвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Гевгелија“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ