На булеварот „Партизански одреди“ во Скопје вчера се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.З. (41) од Скопје, по што возачот со патничкото возило го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На крстосницата од улиците „Шуто Оризари“ и „Бутелски венец“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Х. (67) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од О.З.(57), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од мопедот, Б.З. (54) од Скопје, а возачот на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.






