Во несреќата на местото на настанот починал сопатникот од возилото „фиат добло“ А.А. (38) од Скопје и од страна на лекар констатирана била смрт, а со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.
Во сообраќајка кај Треновац загина едно лице
Едно лице загина во вчерашната тешка сообраќајка на регионалниот пат кај место викано Превалец, во атар на селото Трновац, Кратовско. Во сообраќајната несреќа учествувале товарно возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т. (54) од Скопје и патничко возило „дачија сандеро“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.В.(33) од Скопје.

Објавено на
часот





