петок, 19 декември 2025

Во сообраќајни несреќи едно лице загина, неколкумина се тешко повредени

Објавено на

часот

Сподели

Вчера на крстосница од улицата „1″ во селото Кучевиште, скопско и локален пат кон манастир, мопед „јијинг”, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.А.(31) од Крива Паланка, изгубил контрола и паднал на коловозот. Б.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”, информира МВР.

На регионалниот пат Скопје-Тетово во селото Желино се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „поло”, управувано од Б.Д.(24) од Тетово и патничко возило „голф”, управувано од Н.Ј.(30) од с.Ларце, и двете со тетовски регистарски ознаки. Во несреќата Н.Ј.(56) од с.Ларце, сопатничка во возилото „голф” се здобила со тешки телесни повреди, а возачот Н.Ј. со телесни повреди, констатирани во Клинички центар Тетово. Како што информиа МВР увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ