Изречени се осум мерки за користење на мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење на сигурносен појас, пет мерки за управување возило со несоодветна категорија, 15 санкции за возачи на моторцикл, како и други видови на сообраќајни прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедно да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР.