Изречени се и шест мерки за возач почетник, шест за зборување на мобилен телефон, четири за минување на затворен сигнал црвено светло, како и 20 санкции за управување под дејство на алкохол.
МВР најавува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.






