
Исто така, изречени се 20 мерки за користење мобилен телефон, шест за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум за непрописно престројување, шест за некористење сигурносен појас, како и 64 за непрописно паркирање.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.






