
Изречени се и девет мерки за користење мобилен телефон, пет за нерегистрирани возила, шест за возење под дејство на алкохол, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), како и 61 за непрописно паркирање.
МВР најавува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.






