Изречени се девет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 26 санкции за управување под дејство алкохол, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.






