Како што соопшти МВР, изречени се и четири мерки за возач почетник, пет санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло, 26 санкции за управување под дејство на алкохол.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемена безбедност во сообраќајот и посигурни патишта.






