недела, 15 февруари 2026

Во Скопје и Гостивар тешко повредени двајца велосипедисти

Во СВР Скопје вчера е пријавено дека на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф’’ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р. (38) од Глумово, Скопско и велосипед, управуван од  Р.С. (55) од Скопје. Во несреќата тешки телесни повреди добил велосипедистот, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Во ОВР Гостивар вчера е пријавено дека на крстосница од булеварот „Гоце Делчев“ со улицата „Железничка“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.Г. (68) од Гостивар и велосипед управуван од З.Н. (75) од Гостивар. Во несреќата тешки телесни повреди добил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ