Исто така, изречени се девет мерки за возење под дејство на алкохол, шест за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикл, како и четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Како што информира МВР, изминатата вечер (08/09.01.2022) во периодот од 22.00 до 03.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на државата, при што казнети се 106 возачи. Од нив, 20 на територијата на СВР Битола, 19 на територијата на СВР Охрид, 15 на територија на СВР Штип…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.






