недела, 14 декември 2025

Во Штип се приведени три лица, пронајдено е оружје и муниција

Е.Д. (21), Н.Р. (38) и 26-годишната В.М., сите од Штип вчера биле приведени од штипската полиција откако при претрес во домот на Е.Д. биле пронајдени и одземени три автоматски пушки калибар 7,62мм, пет метални рамки за автоматска пушка со по 30 куршуми калибар 7,62мм и две метални рамки за автоматска пушка со по 20 куршуми калибар 7.62мм.

Објавено на

часот

Сподели

Претресот бил извршен со согласност на Е.Д., а во неговиот дом биле затекнати другите двајца. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно доументирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ